Ако сакате да купите нешто од овој бутик, тогаш ќе ви бидат потребни од 200 до 300 фунти за пантолони, од 150 до 350 фунти за блуза, а фустаните се од 800 долари па нагоре. Чантите со нејзин потпис изработени од кожа на питон чинат 1.850 фунти, а очилата изработени од 18 каратно злато се 625 фунти.
Продавницата која е дизајнирана од страна на британскиот архитект Фаршид Мусави повеќе наликува на уметничка инсталација отколку на продавница. Подот е сив, соблекувалните се направени од американски орев и насекаде има огледала.
Според Викторија целиот објект изгледа мошне минималистички.
Во објектот работат 6 асистенти, четворица мажи и две жени, кои се млади, тренди и безгрежно облечени во црно бела комбинација.
Викторија Бекам…