Инаку ова е вториот бутик на Луиз. Нејзиниот прв бутик „Гардаробер“ во Кафли бил затворен, а во моментов новиот бутик го води заедно со нејзиниот бизнис партнер Лиен Кук (41).
Речиси и да нема никаква конкуренција наоколу, освен продавницата за венчаници која продава фустани за 5 фунти. Целиот објект се простира на околу 20-тина квадрати.

Наместо свила и кожа, овде се продава облека од најлон и полиестер. За разлика од Викторија, Луис не ја дизајнира облеката. Таа купува директно и препродава облека од ефтини конфекции.
Овде може да купите плетени шапки за 14, 50 фунти, чанти за 21 фунти и накит од 17 фунти.
Луис вели дека нејзина цел е да биде „достапна“ и дека постои огромна разлика меѓу нејзиниот и бутикот на сестра и’.
Луѓето немаат многу пари за облека. Ако некој сака да најде фустан од 20 фунти за петочното излегување може да го купи овде, појаснува таа.
Тука завршуваат сличностите. Бутикот на Луиз е удобен и топол. Таа вели дека сестра и’ не и помогнала да отпочне со бутикот, иако признава дека и помогнала финансиски за да застане на нозе по вториот развод од бизнисменот Дарен Флод во 2014-тата.
Во продавницата работат само Луиз и нејзината партнерка Лиен. Единствен член на семејството на двете сестри што може да се забележи во продавницата е мајката Џеки која помага во гужвата за паузата за ручек.
Посетителите во овој бутик во голема мерка се разликуваат од богатата клиентела на нејзината сестра.