ФОТО: Во Битола се купуваа низи од лозови „7-ма Брзина“

По деновите исполнети со забава и добивки во Кратово,  Прилеп и Кочани , промотивниот караван на Државна лотарија на Македонија  „Лето во 7 – ма брзина“ го продолжи својот пат кон Битола.

Во саботата на возбудлива атмосфера имаше на Широк Сокак кој биеше во дамарот на „7 – ма Брзина“.

bitola-7-ma

Пред среќното место ВАГАБОНТ, во Битола, тимот на Државна лотарија и Марјана Станојковска, поминаа незаборавни мигови со играчите на среќа од Битола.  Битолчани уште еднаш потврдија дека се едни од најупорните и најоптимистични трагачи по добивките во игрите на среќа.

Сретнавме многу насмеани лица подготвени за дружење, забава и добивки, а низи од лозови „7-ма брзина“ се купуваа на должен метар. Бројката по играч достигнуваше и над 200 лоза. Играчите своите низи ги земаа за гребење во друштво, очекуваме дека некој од нив ќе е добитник на еден од трите преостанати атрактивни автомобили ГОЛФ7.

bitola-7-ma1

Потрагата по нови сопственици на оваа атрактивна премија продолжува со караванот под името „Лето во 7 – ма брзина“, чија следна дестинација е Кавадарци .

Дружењето со тимот на Државна лотарија во Кавадарци е закажано за среда (08.07.2015 год), пред продажното место СИГМА – Кавадарци.