Властите во бразилската сојузна држава Минас Жераис соопштија во понеделникот дека најмаллу 25 лица се убиени осомничени за грабеж на неколку банки и финансиски институции во Убераба, Арачатуба и Крисиума.
Во еден судир меѓу полицијата и банда убиени се 18 лица, а во друг седум, пренесува Гардијан.
„Оваа операција … ќе влезе во историјата“, изјави за локалното радио секретарот за државна безбедност на Минас Жераис, Рожерио Греко.
Полицијата соопшти дека бандата подолго време била под засилен надзор, а за време на судирот кај осомничените било пронајдено оружје од голем калибар, експлозиви и панцири.