(ФОТО) Во Израел откриена најдолгата солена пештерска спила на светот

Најдолгата солена пештерска спила на светот е откриена во израелскиот регион на Мртвото Море, објави во четвртокот Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.

Досега за најдолга ваква спила беше сметата спилата Намакдан во Иран, со должина од 6,85 километри. Израелската спила Малхам се наоѓа на планината Содом, која е 170 метри под нивото на морето. Меѓународниот тем стручњаци утврдил дека солената спила Малхам е долга 10 километри.

Спилата е откриена од експедицијата организирана од Ерусалимскиот центар за истражување пештери, во која учествувале и Ираелскиот клуб за истражување на пештерите и бугарскиот клуб „Софија спелео’ и 80 спелеолози од девет земји.

Солената пештера Малхам бепе откриена во 1980-те години. Таа е една од 150-те пештери на планината Содом, во јужниот дел на Мртвото Море, кои се направени од чиста сол, со кои Западот се запознал кон крајот на XIX век.

Фотографиите снимени во пештерската спила покаќуваат спектакуларен низ од сол на сталактити и кристали од сол. Солените спили се ретки, бидејжќи солата лесно се растворува во водата и големите талози сол не се одржуваат долго на површината. Само мал број од солените спили се подолги од еден километар.