(ФОТО) Во услови на епидемија здравствениот систем поради неспособноста на власта станува ризик за граѓаните

Кога ќе се погледна фотографии во прилогот може да се помисли дека се направени на некое буниште каде се собира ѓубре или од некој објект каде е нормално во моментов да се вршат градежни активности. За жал, снимките потекнуваат од македонскиот здравствен систем, каде владее, како што покажуваат, хаос и безредие кои се застрашувачки во момент кога граѓааните се под опасноста од епидемијата на коронавирусот.

Кога на овие фотографии ќе видите дека има и пациенти кои добиваат нула грижа и се наоѓаат во мизерни услови, ќе ви стане јасно дека ова е скопскиот Клинички центар.

КУРИР направи обиколка низ скопските клиники и бевме сведоци на загрижувачка глетка….

 

Во време кога бројот на заразени е алармантен, клиничкиот центар е извор на зарази. Купишта ѓубре на сите страни. Места за отпад како да е депонија. Неподнослива миризба се жири од секое вакво ќоше меѓу клиниките.

 

Среде пандемија, додека бројот на жртви е трогателен, на клиника се изведуваат градежни работи. На повеќе места е раскопано и оставено така. Отстранет инвентар, ставен на купчиња, валкано и полно со прашина.

Најзагрижувачки е третманот на пациентите. Низ ходниците врие, се чекаат редици, нема услови за држење дистанца. Пациенти кои се хоспитализирани чекаат во ходник, легнати на кревет, меѓу другите пациенти кои чекаат за некој друг преглед.

 

 

Низ скопските клиники сликата со која се соочивме е загрижувачка. Додека повеќе клиники стануваат ковид центри бидејќи бројот на заразени е огромен, пациенти со други заболувања не можат да го добијат потребниот преглед, ниту пак помош.

Катастрофалните услови во болниците во комплексот клиники во време кога имаме црни бројки на новозаразени пациенти и такви кои секојдневно се хоспитализираат се само уште еден доказ за неспособноста на оваа власт. Зоран Заев и Венко Филипче имаа осум месеци од почетокот на пандемијата да создадат достојни услови за лекување на пациентите. Наместо тоа, условите се ужасни!

Ваков мизерен третман македонските граѓани не заслужуваат! Овие фотографии се доказ за срамот на надлежните кои да имаа трошка совест ќе си поднесеа оставки до сега.