ФОТО: Војници од ЈНА се сретнаа по 36 години во Струмица!

Поранешниот мотоциклист од Струмица Крсто Крстев кој служел воен рок во Скопје во тогашната Југословенска народна армија по 36 години се сретна со другарот од војска, Баја Џелиќ.

Спомените од војничките денови го врзуваат со Баја Џелиќ од српска Лозница, кој му станал голем пријател. Но животот си го направил своето и со текот на времето ги изгубиле контактите, пишува Дневник.

Сепак неодамна една порака на социјалната мрежа „Фејсбук“ повторно ги спои неразделните пријатели од војничките денови.

Тие по 36 години се сретнаа во Струмица откако Џелиќ пропатува 700 километри до таму за да го види другарот од војска.