(ФОТО) Заев ги направи министри неуспешните кадри на ВМРО-ДПМНЕ

чината Радмила Шеќеринска да не се појави на еден од најважните партиски состаноци оваа година и да замине во Белград бидејќи Дамјан Манчевски е човекот од највисока доверба на заменик претседателката на СДСМ, пишува порталот.

Но Шеќеринска не е единствената која не се согласува со одлуките на Заев. Пресс24 веќе објави за длабоките несогласувања во партијата на седницата на Централниот одбор и внатрепартискиот раздор предизвикан од кадровските решенија на Заев. Опозициската партија се обиде да изманипулира со јавноста објавувајќи видео и фотографии од седницата на Централниот одбор која се одржа пред неколку дена.

На фотографијата може да се види полна сала во која има најмалку 200 партиски активисти, но никој не може да преброи, колкумина од нив се членови на Централниот одбор кој во моментов брои 113 членови. Опозициската партија неколку дена молчи и не излегува со точната бројка, колкумина членови на Централниот одбор „едногласно“ гласале за одлуките на Заев, ниту да објасни зошто една третина од истакнатите партиски членови меѓу кои и Шеќеринска не се појавиле на Бихаќка.

asasa500