Граѓаните веднаш духовито реагираа на скандалот со бегството на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, за кој јавноста се сомнева дека не можело да биде изведено без знаење на структури во власта.
Имајќи ги предвид и информациите на ниво на јавна тајна за соработката меѓу премиерот Зоран Заев и Сашо Мијалков во врска со организирање превирања во ВМРО-ДПМНЕ, скопјани веднаш со транспарент поставен на скопскиот надвозник во правец по кој често се оди кон Министерството за внатрешни работи и седиштето на СДСМ, го искажаа своето мислење за случајот бегство.