Избори мора да има час поскоро, порача во неделата попладнето на фејсбук претседателот на СДСМ, Зоран Заев, токму на денот кога во Македонија има 62 новозаболени, а 11 лица починаа како последица од коронавирусот во последните три дена.
Наместо „лајкови“, граѓаните бесно му одговорија „Озбилен ли си?!“.
Граѓаните коментираат дека Заев бара сега избори зошто никој нема да сака да излезе и да гласа.
Ние сега само за изборите твои се секираме, му порача една граѓанка.
Бетер сме од Бангладеш, дно дна сме во редионот, срамота, некој мисли за народов? Три месеци слушам само избори, вирус, избори, се вели во друг коментар.
Господине, Велите дека граѓаните не биле доволно казнувани. Јас како граѓанин да Ви кажам дека ние сме доволно казнети со тоа што за секој проблем во државата плаќаме ние од нашиот џеб, така и во оваа ситуација сите трошоци ги сносивме лично ние, а не добивме никаква помош од владата. И уште да Ви напоменам дека полицискиот час е укинат поради Вашето настојување по секоја цена да има избори.
Едно да Ви биде јасно, на тие избори кога и да се случат, народот ќе Ве казни!!!, порачува граѓанин.