Анет Ларкинс е жена којана свои 72 години има лице и тело на девојка, а тајната за својот младолик изглед и доброто здравје, веќе со години ја дели со јавноста,откривајќи ги своите рецепти за јадеања кои сама ги приготвува и напивки со кои секојдневно го чести својот организам.
Анет е родена во 1942 година, во Северна Каролина, меѓутоа најголем дел од својот живот минала во Флорида, која ја смета за свој дом. Таму го запознала својот сопруг, кој е девет години постар од неа. Со него се oмажила на 16 години. Пред да наполни 19 години, таа родила два сина и тоа во интервал од 10 месеци.
Во однос на неа, сопругот изгледа како старец, а нејзините 50 годишни синови, како нејзини врсници.
На нејзинаа трпеза никогаш нема да најдете ништо што не потекнува од нејзината градина, каде што одгледува зеленчук, овошје и лековити билки.
Прави извонредни салати и вкусни јадења и секојдневно цеди и пие домашни сокови. Нејзиното животно мото е : Нека храната биде твојот лек, а лекот твоја храна“.
Напишала книга со совети што треба да се јаде, која што е многу барана меѓу приврзаниците на нејзиниот начин на живот.
„Секогаш сум сакала да мотивирам поединци да направат промена во својот живот и да го подобрат неговиот квалитет ми се допаѓа да ја стимулирам нивната психа и да им помагам да ја пронајдат својата внатрешна сила“, објаснува таа.
Што јаде?
Рецепт за еден од нејзините здрави оброци: зелка салата, исецкана зелена салата, булгур (намирница од органско потекло која се прави од пченица, може да се купи во продавници за здрава храна), црвена пиперка, брокула, печурки, солени крекери и ким.
Нeјезин предлог за ручек: Див ориз, лук, малку леб натопен во сок од авокадо, парче авокадо, ситно сецкан црвен пипер.
Во својата градина, Анет одгледува „дрво на животот“ Нони. Плодот од дрвото се користи за правење сок, за мелеми, а листовите за чаеви. Познато е дека мелемот од Нони, значително помага кај кожни болести.