Фотографии од трагичната сообраќајка кај Тополчани во која загина едно лице

Едно лица загина, а две се тешко повредени откако автомобил и комбе се судриле во близина на битолското село Тополчани.

soob-500

Според полицијата, трагичната несреќа се случила утринава околу осум часот во близина на селото Тополчани на магистралниот пат Прилеп – Битола.

soob-2-500

Сударот меѓу „фолксваген“ и комбе „фиат“ бил фатален за 55-годишниот Ѓоре Саздоски од Прилеп кој управувал со автомобилот. Возачот на комбето, 61-годишниот Илија М. и неговиот 27-годиштен син В.М. се здобиле со повреди откако комбето се запалило по судирот.

sss-500

Битолската полиција соопшти дека се’  уште не е утврдено како точно дошло до несреќата.