Моника Белучи (51) е една од најубавите жени на денешницата. Нејзината атрактивност, во комбинација со харизмата и талентот, ја прават вистинска ѕвезда. И се’ во врска со неа привлекува внимание. Исклучок не се ни нејзините стари фотографии.
Фотографијата е создадена на едно модно снимање. Итересно е тоа што Моника кариерата ја почнала како манекенка, па ова е спомен од тој дел на нејзиниот живот.
Таа денека од време на време и’ се враќа на модата. За таа пригода најчесто избира кампањи кои носат силна порака, не само предлози за тоа што ќе се носи следната сезона.
На фотографијата од пред повеќе од две ипол децении, се гледа дека Моника и како девојка го сакала природниот изглед. Покрај убавната која ја поседува, тоа и не е изненадување.
Кога ќе се споредат овие две фотографии, секако се гледаат промени на нејзиното лице. Но, никој не може да го оспори фактот дека Моника и денеска изгледа исто толку убаво.