Фотографски натпревар кој го опфаќа фолклорот од Македонија 

Oд 1 февруари до 31 март ќе трае наградниот фотографски натпревар „Вики го сака фолклорот 2023“ при што ќе биде неговото прво македонско издание, организирано од здружението Споделено знаење.

Македонското издание ќе биде во рамки на четвртото меѓународно издание на „Вики го сака фолклорот“, организирано од иницијативата Wiki Loves Folklore. Македонскиот натпревар е со цел обезбедување слободни фотографии од фолклорот од Македонија. Целта на тие фотографии е понатаму во иднина да бидат користени од документарен и информативен карактер, односно за подобра илустрација во статиите на Википедија, како и за другите слободни викимедиини проекти.

Има две категории на награди: месни (македонски) и меѓународни.

Најуспешните фотографии според оценката на месно стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, доделувани од Споделено знаење, и тоа:

* Прва награда за најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 400 евра

* Втора награда за втора најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 200 евра

* Трета награда за трета најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 100 евра

* Награда за учесник со најмногу фотографии – денарска противвредност од бруто 300 евра

Најуспешните фотографии, според оценката на меѓународното стручно жири, ќе бидат наградени со ваучерски награди, доделувани од иницијативата Wiki Loves Folklore, и тоа:

* Прва награда за највисоко оценета фотографија – ваучер од 500 амер. долари

* Втора награда за втора највисоко оценета фотографија – ваучер од 400 амер. долари

* Трета награда за трета највисоко оценета фотографија – ваучер од 300 амер. долари

* Утешни награди за останатите десет највисоко оценети фотографии – 10 ваучери од по 40 амер. долари

* Награда за најдобро видео и награда за најдобро аудио податотека – 2 ваучери од по 150 амер. долари

* Две награди за учесници со најмногу закачени фотографии – ваучер од 100 амер. долари (прво место) и ваучер од 50 амер. долари (второ место)

* Разгледници со Вики го сака фолклорот за најдобрите 100 закачувачи на фотографии

Повеќе за натпреварот на неговата главна страница.