Фудбалерите на Фрајбург во неделата на својот терен го совлада Унион Берлин со 4:1 во средбата од 15-то коло на Бундеслигата, и повторо се второпласираните на табелата.
Главен играч на домашните беше Винченцо Грифо, кој оствари „хет-трик“ реализирајќи два пенала во 4 и во 20 минута, а погоди и во 6 минута. Гостите веќе во 19 минута останаа без исклучениот Диого Леите, со што на домашните им беше олеснета задачата и во последните моменти од првиот дел дојдоа до големите 4:0. Гостите успеаја да намалат дури во 85 минута преку пеналот што го реализираше Свен Мичел.
Фрајбург сега има 30 бодови, четири помалку од водечкиот Баерн Минхен, а два односно три повеќе од третиот РБ Лајпциг и четвртопласираниот Ајнтрахт Франкфурт, а на 27 бодови остана и петтиот Унион Берлин.
Ајнтрахт дојде до 27 бодови откако претходно во неделата ремизираше на гости кај Мајнц, кој моментално е 10-ти со 19 бодови. Домашните поведоа во 40 минута преку Јонатан Биркад а гостите израмнија во 67 минута преку Рандал Коло Муани.