Франција ќе го олесни земањето на мајчиното презиме

Interview de Éric Dupond-Moretti Garde des Sceaux, ministre de la Justice/ Photo Jean-Christophe Marmara / Le Figaro

Франција на своите граѓани ќе им го олесни процесот на земање на мајчиното презиме кога ќе станат полнолетни, изјави во неделата министерот за правосудство Ерик Дупон-Морети.

Министерот најави дека владата ќе го поддржи предлогот законот предложен од Патрик Вињал од владејачката партија Републиката во движење (LREM) на францускиот претседател Емануел Макрон, кој кој на децата кога ќе напилнат 18 години ќе им се овозможи едноставна промена на презимето во локалните градски совети.

Француските граѓани ќе имаат избор да го задржат татковото презиме, да го земат мајчиното презиме или да ги користат и двете во редоследот кој самите го преферираат. За законот ќе се гласа следните седмици.

Французите и претходно можеа да го менуваат своето презиме, но тој процес беше комплициран и барање од нив на надлежното министерство да му докажат дека за тоа имаат оправдана причина.

„Никој не би требало да на државата да ѝ ги открива интимните причини за промена на презимето“, напиша Дупон-Морети на својот профил на Twitter.

Во интервјуот за магазинот Elle, Дупон-Морети изјави дека новиот закон ќе го олесни менувањето на презимето за граѓаните кои ги одлгедале самохрани мајки, двајца татковци или две мајки.

„Со овој закон ќе се постигне рамноправност меѓу родителите и слободите за сите француски граѓани“, вели Дупон-Морети за Elle.

Законот ќе го олесни процесот и за луѓето кои презимето сакаат да го променат поради травматски искуство, како што се инцест или насилство на таткото врз мајката, додава Дупон-Морети.