Франција има намера да работи на промената на правилата во Шенгенската зона поради заштита на надворешните граници на Европската унија и да се постигне подобра координација во борбата против илегалната миграција, најави во четвртокот претседателот Емануел Макрон во текот на презентацијата на приоритетите на Париз во текот на француското претседателство со Советот на ЕУ кое започнува од први јануари 2022 година.
„За време на нашето претседавање, ќе иницираме реформа на Шенгенската зона во две насоки. Прво, тоа е политичкото администрирање на Шенгенската зона, за којашто, како и во случајот на еврозоната, ќе биде создадена специјална институција во чии рамки редовно ќе се одржуваат средби на ресорните министри. Покрај тоа, мораме да ја зајакнеме контролата на нашите надворешни граници и да осигуриме нивна заштита, тоа е еден од клучните услови за обезбедување слободно движење во ЕУ“, изјави Макрон.
Вториот приоритет го опиша како создавање механизам за итна помош на земјите на надворешните граници на ЕУ во текот на кризните ситуации, од кои во минатото силно беа погодени Грција и Италија а во последните месеци Полска.
„Сакаме да поддржиме создавање механизам за итна поддршка на грениците во случај кога некоја земја членка ненадејно ќе се соочи со криза којашто бара зајакнување на надворешните граници на ЕУ, дека таа може да смета на поддршката на Фронтекс, како и зајакнувањето на поддршката на земјите членки со полиција и жандармерија….“, додаде францускиот претседател.
Уште еден од клучните елементи на француското преседатевање ќе биде и зајакнувањето на суверенитетот на Европа, како што посочи Макрон, во насока на развојот на заедничката одбранбена политика, дефинирањето на интересите и создавањето заедничка стратегија „во светот на заканите и ризиците“.
Европа мора да има слобода во одлучувањето, а Франција во периодот на своето претседавањето со Советот на ЕУ ќе работи на зајакнувањето на европскиот суверенитет, додаде Макрон.
„Доколку резимираме во една фраза, целта на нашето претседавање со ЕУ е да ја направиме Европа посуверена. Соработката во рамките на нашите граници претворање на Европа која би имала моќ во светот, би била целосно независна и самостојно ќе ја контролира својата судбина“, додаде францускиот претседател.
Макрон смета дека земјите членки на ЕУ треба да развиваат зеднички концепт за „европски стратешки суверенитет“.
„Ваквиот концепт, кој се чинеше незамислив пред четири години, ќе ни овозможи да потврдиме дека ние Европејците, без разлика на нашето учество или неучество во НАТО, се соочуваме со заеднички закани и имаме заднички цели“, појасни Макрон и додаде дека е важно таквите активности да се завршат во престрет на следниот самит на Алијанската кој ќе се одржи во Мадрид во јуни следната година.