
Француското Национално собрание во вторникот го усвои Законот за заштита на републиканските вредности, а за кој се оценува дека чијашто главна цел е борбата против растот на исламизмот за кој владата на претседателот Емануел Макрон вели дека претставува закана за националното единство.
Законот во долниот дом на францускиот парламент беше изгласан во првото читање со поддршката на 347 пратеници, против се изјаснија 151, а од гласањето се воздржаа 65 пратеници. По ова, законот ќе оди во горниот дом Сенатот.
Законот изрично не издвојува ниедна религија, но ги споменува практиките како што се присилен брак и тест за девственост, кои се раширени во последниот период кон муслиманското население во Франција.
Законот вклучува строги мерки против оние кои на интернет го бранат насилството, посилен надзор на верските организации и рестрикции на воспитувањето на децата надвор од традиционалните образовни институции.
Се проценува дека во Франција живеат околу 5 милиони муслимани, а повеќето од нив се по потекло од Алжир или од другите поранешни колонии на француската империја.
Франција изминатата речиси цела деценија беше цел на крвави напади од исламистичките милитанти, а следната година ја очекуваат претседателските избори на којашто се чини дека една од главните теми ќе бидат францускиот идентитет, внатрешната безбедност и борба против верскиот екстремизам.
Законот беше поставен пред парламентот на 115-годишнината од носењето на законот со кој во Франција се одвоени црквата и религијата од државата. Левицата законот го нарече напад врз исламот, а крајната десница и дел од конзервативците забележаа дека е преблаг.
Министерот за внатрешни работи Жерар Дарманен рече дека тоа е „силан офанзива“ на секуларната држава. „Ова е строг текст, но ѝ е потребен на Републиката“, изјави за RTL Radio пред гласањето во парламентот.
Дискусијата околу овие мерки и законот беа интензивирани кога средношколец исламист на 16-ти октомври 2020 година крај Париз среде бел ден го обезглави професорот по историја Самуел Пати, тврдејќи дека го казнил затоа што на часот на кој предавал за слободата на говорот во класот покажал карикатури на пророкот Мухамед, а исламот строго забранува секакво негово сликовно прикажување.
Законот содржи околу 70 членови, д кои еден од нви предвидува дури и казна затвор од пет години и парична глоба од 75.000 евра за закани, напади или заплашувања на избран функционер или службено лице при попречување во извршување на службата.
Документот содржи и мерки за борба против поттикнувањето насилство и особено омраза на интернетот. Притоа се воведува ново кривично дело – предизвикување опаснот по живот на лице преку ширење злонамерни информации за него. Според овој член, прекршителот се соочува со затворска казна од три години и прачна глоба од 45.000 евра, воведен токму поради убиството на Пати кој пред грозоморната егзикуција пред гиманзијата бил цел на напади и критики на социјалните мрежи.
Во дебатата во парламентот десничарската челничка Марин Лепен го обвини министерот Дарманен дека навреме не му се спротиставил на радикалниот ислам.
„Ја ограничувата слободата на сите за да се обидете да ја ограничите слободата на неколку исламисти“, рече Лепен во текот на минатонеделната дискусија во парламентот, алудирајќи на ограничувањето на образованието дома и надвор од традиционалниот образовен систем под контрола на државата.