Франција пријави рекорден број заразени од почетокот на пандемијата

Француските здравствени власти известија за саботата за 104,611 нови скучаи на зараза со коронавирусот во изминатите 24 часа, што е најголем дневен број на инфицирани од почетоко на епидемијата во земјата.

Во петокот беа пријавени 94.100 нови коронаинфекции, додека минатата сабота имаше речиси двојно помалку случаи на дијагностициран Covid-19, односно 58.500 зарази. Така, последната седумдневна ициденца е само малку помала од 647 нови зарази на 100.000 жители.

Претходно францускиот министер за здравство Оливие Веран изјави дека кон крајот на декември омикрон варијантата на коронавирусот ќе биде доминантна во земјата.

Досега француските власти не воведуваа заострени ограничувања поради ширењето на позаразниот сој на коронавирусот. Меѓутоа, имајќи го сега предвид драстичниот раст на заразите, француската влада сугерираше дека би можела да воведе построги правила за влез во одредени јавни простори, вкличително ресторани и културни институции.

Сега за пристап во поголемите јавни простори потребен е доказ за вакцинираност, прележаност на Covid-19 или негативен тест на коронавирусот. Наскоро повеќе нема да биде доволен само негативен теста. Француската влада планира да претстави закон на посебна седница во понеделник, а се очекува дека ќе биде усвоен кон средината на јануари.