Франција се ближи до бројката 20.000 починати

Во епидемјата од короанвирусот во Франција починале близу 20.000 заболени, односно регистрирани се нови 395 жртви во последните 24 часа, но бројката на пациентите на одделите за интензивна нега и натаму паѓа, соопшти во неделата вечерта челникот на француската служба за јавно здравство, Жером Саломон

Од почетокот на март севкупно во Франција починале 19.718 заболени, од кои 12.069 во болниците, односно денеска плус 227, и 7.694 или плус 168 лица во домовите за стари лица, прецизираше Саломон на прес-конференцијата.

Бројот на хоспитализираните пациенти со Covid-19 во неделата изнесувал 30.620. Меѓу нов 5.744 пациенти во тешка состојба на интензивна нега, или 89 помалку отколку во петокот. Тоа е 11-ти ден со пад на бројот на на пациентите на интезивна нега и петти ден на намалување на хоспитализациите.

Од почетокот на епидемија Франција бележи 152.578 потврдени случаи на коронавирис, од кои активни се 96.282 случаи а од нив 90.538 со средна клиничка слика и 5.744 со тешка клиничка слика. Од затворените 56.296 случаи, отпуштени се 36.578 пациенти а 19.718 починале.

Овие податоци го искажуваат многу бавното слабеење на епидемијата, но бројто на хоспитализираните останува многу висок, истакна Саломон и заклучи дека „со напорите на сите мерки за ограничувањерто на движењето се ефикасни и многу ја забавуваат епидемијата“. Повика да не се попушта во мерките.

Премиерот Едуар Филип предупреди дека „Французите нема уште долго“ да му се вратат на својот вообичаен живот од пред епидемијата.