Франција забележа рекореден раст на заболени од Covid-19

Бројот на лицата заразени со новиот коронавирус во последните 24 часа во Франција се зголемил за 13.215 лица, што е рекордна бројка од укинувањето на карантинските мерки во земјата, објави во петокот вечерта агенцијата за следење на болеста Santé Publique France, при министерството за здравство.

Претходно во четвртокот беше објавено дека се забележани 10.593 случаи на заразата.

Со тоа вкупниот број на случаите на коронаинфекција во Франција од почетокот на епидемијата се искачи на 428.598 лица. Ширум земјата се регистрирани 974 жаришта на заразата, од кои во последното деноноќие се регистрирани 93 нови. Во 153 домови за стари лица е потврдено ширење на коронавирусот меѓу штитениците и персоналот.

Во петокот француските здравствени власти признаа дека првпат од укинувањето на строгите рестриктивни мерки во мај, забележано е зголемувањето на бројот на смртните исходи како последица на компликации предизвикани од Covid-19.

Во последните 24 часа регистрирани се и 123 смртни исходи од Covid-19. Со тоа бројот починати во Франција достигна 31.249 луѓе, од кои во болниците се евидентирани 20.689 смртни случаи.

Во изминатите седум дена хоспитализирани се вкупно 3.626 лица, а од тоа во последното деноноќие 850 пациенти. Од нив на одделите за интензивна нега се згрижени 571 пациент во сериозна состојба. Просечно изминатиот седумденвен период на интензивна нега биле сместуван по 100 лица.