Франција ќе изведе пред суд 14 лица, поради сомневање дека се поврзани со нападите во Париз во јануари 2015 година, вклучувајќи го и нападот на сатиричниот весник „Шарли Ебдо”.
Десет од 14 лица се’ уште се во притвор, издадени се налози за апсење на три лица, додека едно лице е во домашен притвор.
Во нападите во јануари 2015 година, вооружени лица убија десетмина вработени во списанието „Шарли Ебдо“ и двајца полицајци, а 11 лица беа ранети. Во еврејски супермаркет беа убиени четворица заложници.
Нападот на „Шарли Ебдо“ го извршија браќата Саид и Шериф Куаши, кои загинаа во полициска акција два дена подоцна.
Извршителот на нападот во еврејскиот супермаркет, Амеди Кулибали, исто така загина во полициска акција.