Франциск со нов повик за зачувување на единството во ЕУ

Папата Франциски повика Европа да остане обединета во решавањето на последиците од пандемијата на новиот коронавирус.

Папата упати повик пред самитот на ЕУ утре на кој ќе се разговара за контроверзниот пакет за економски стимул.

„Во оние времиња кога толку многу ни треба единство меѓу нас, меѓу народите, да се молиме денес за Европа“, рече папата на почетокот на својата утринска литургија.

Папата ги замоли луѓето да се молат дека „Европа ќе успее да го постигне ова единство, ова братско единство за кое сонувале основачите татковци на Европската унија“.

Ова е вторпат во последните 10 дена Франциск да изрази загриженост за ЕУ.