Француска агенција за развој во формирање ќе финансира еко проекти во земјава

Француска агенција за развој (ФАР) ќе се формира наскоро како резултат на договорот меѓу владите на Франција и на земјава . Со работата на оваа Агенција треба да се подобрат односите меѓу двете земји. Ова е соопштено по средбата на министерот за финансии, Фатмир Бесими и амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние.

Преку оваа Агенција се планира да се финасиираат проекти во економијата на замјава кои се поврзани со екологијата.

Амбасадорот Тимоние на средбата информира дека француската Влада на иницијатива на ОН има интерес за финансирање проекти во делот на зелена економија во кои би се вклучиле ФАР и ГИЗ-Германско друштво за интернационална соработка.

На средбата е разговарано и за економскиот план на македонската влада за справување со кризата.