Француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун оценува дека 2030 година е амбициозна, но не е нереална цел за членство на Македонија во Европската Унија (ЕУ). Година која македонската влада ја постави како неформален рок за завршување на преговорите и полноправно членство во ЕУ.
На прес-конференција во Скопје, Бун рече дека Македонија напредува доста во усогласувањето со европското законодавство, но побара европскиот пат да се изоди до крај, алудирајќи на измените на Уставот кој се услов за Македонија да почне преговори со Унијата.
Франција во 2019 година стави вето на проширувањето со барање да се измени методологијата за преговори, а потоа под нејзино претседателство со ЕУ во првата половина на 2022 година даде предлог за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговори за Македонија.
Бун го смета предлогот за урамнотежен кој ги почитува, како што рече, црвените линии на двете страни.