![CD1B6497-A204-4C85-A087-0748E0AE73E8](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/CD1B6497-A204-4C85-A087-0748E0AE73E8.jpeg?resize=696%2C392&ssl=1)
До пред неколку години малкутиражниот и пошироко непознат сатиричен француски неделник Charlie Hebdo, повторно се јавува со провокација на јавноста ставајќи го Господ „на неговото место“, прикажувајќи го на насловната страница во полциско возило со кое оди во затвор, во бројот кој во продажба ќе се појави во среда, кога се очекува и пресудата на судењето за џихадистичкиот напад врз редакцијата на весникот од јануари 2015 година во Париз.
Автор на карикатурата на насловната страница е Франсоа Буск, кого магазинот заедно со писателот Јаник Аенел ги задолжи да го следат судењето коешто започна пред околу три месеца.
Државното обвинителство за случаите на нападите против весникот кои ги водеше за тероризам побара тешки казни, од пет години до доживотен затвор за 14 обвинети кои се сомничат дека им дале логистичка помош на напаѓачите, а двајца од нив и за директно помагање.
Во тие напади, кои беа испровоцирани од повторните објавувања на карикатури на пророкот Мухамед, а претставувањето на неговиот лик во исмалот се смета за богохулство и тешка навреда на муслиманите, беа убиени вкупно 17 луѓе во трите дена во јануари 2015 година. Само на 7-ми јануари, првиот ден од кризата во Париз, беа убиени 12 лица, десет соработници на редакцијата и двајца полицајци, по што следуваа жестоки критики од светото.
Одговорноста за нападот врз париската редакција на Charlie Hebdo тогаш ја преземаа исламисти на Ал Каеда од Јемен, поради објавување карикатури на пророкот Мухамед кои ги разгневија муслиманите ширум светот.
Со пресудата „конечно ќе се затвори кругот кој започна (…) во просториите на Charlie Hebdo“, пишува во својот воведнил Рисс, главниот уредник на контроверзниот весник кој стана омразен кај џихадистите по објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во 2011 година.
„Барем што се однесува до казните, бидејќи, гледано човечки, последиците никогаш нема да исчезнат, што покажаа и исказите на жртвите во текот на судењето. Не беше лесно да се докаже одговорноста на обвинетите. Не треба да се занесуваме, во оваа постапка, какои во многу други, безусловни докази не постојат“, изјави Рис по процесот во кој „во прв ред му се судеше на политичкиот терор кој се вика исламизам“ според неговата оцена.
„Иако обвинетите не биле идеолошки задоени во вистинска мерка, можеше да се види дека некои биле вистински исламисти, иако се трудеа да се прикажат како обични крадци. Најпосле, пресудата во овој случај ја донесоа самите читатели држејќи го секоја седмица во рацете магазинот кој е уште жив, шест години откако беше жртва на масакрот“, изјави за AFP Рисс.
За волја на вистината, Charlie Hebdo се спаси од банкрот пред четири години благодарејќи на голема кампања за донации и повторно кревајќи го тиражот со контроверзна карикатура на тригодишниот бегалец Сириецот Ајдан Курди кој се удави во брегот на Турција, како и со карикатура на француски пејач од африканско потекло чие семејство било масакрирано во геноцидеот врз племето Хуту.
Така по нападот во 2015-та бројот на неделникот беше печатен во милион примероци иако непосредно пред нападот од 7-ми Charlie Hebdo беше пред банкрот со само 12.000 продавани примероци, а тогаш на насловната страница беше брадестиот Господ во крвава облека со „автомат“ во рацете кој го нацртал токму Рисс. Слоганот „Je suis Charlie“, придонесе за продажба на пресечно 100.000 примероци неделно, од кои за волја на вистината најголем број беа претплати од државни институции и разни организации како поддршка по атентатот, наспроти 30.000 претходнo, што сепак е занемарливо за француски услови.
Продажбата на бројот од 6-ти јануари 2016 година, кој беше прв ланскиот масакр во неговата редакција поради објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед, му донесе на изданието повеќе од 10 милиони евра, во што беа вклучени, претплати и средствата донирани од илјадници граѓани и организации по убиството на 12-те луѓе од кои четворицата водечки карикатуристи на магазинот.
Дотогаш наместо вообичаениот нарачан тираж од 60.000 примероци, максимално колку што дотогаш се печатеше Charlie Hebdo, тој број беше отпечатен првично во милион парчиња, за потоа тиражот да биде зголемен на три милиона, а набрзо да достигне неверојатен за француските печатени медиуми – тираж од пет милиони примероци. За тоа беа ангажирани три меѓу најголеми печатници во Франција.
Првиот ден од продажбата на бројот по маскарот на Charlie Hebdo му донесе заработка од околу чисти 8 милиони евра. Благодарејќи на нагласената солидарност од другите медиуми, печатници и издавачки куќи, списанието добива и 100 отсто од приходите од продажбата на првиот милион примероци, во износ од околу 3 милиона евра. Во тој период силен скок забележа и претплатата на списанието, и тоа од 7.000 на 120.000 претплатници. Треба да се одбележи дека и покрај јавно прокламираната анархистичка и троцкистичка ориентација на уредувачката политика на магазинот, по трагедијата масовно се претплатуваат многу градски библиотеки и државни структури, како и големи приватни компании.