Француски министер нема да го плаќа „синото штиклирање“ на Twitter

Францускиот министер и портпарол на влада Оливие Веран во неделата изјави дека нема на Twitter да му го плаќа месечниот надоместок од 7,99 долари за проверка на профилот, како и дека е загрижен од амбициите на новиот сопственик на оваа платформа за микроблогирање Илон Маск.

Во саботата Twitter ја ажурираше својата апликација на App Store на Apple и почна да ги наплаќа „сините штиклирања“, што е првата поголема ревизија откако Маск ја презема компанијата кога на 28-ми октомври го заокружи договорот во износ од 44 милијарди долари.

Беше наведено дека оние коишто ќе го „набават веднаш Twitter Blue за 7,99 долари месечно можат да добијат сино штиклирање покрај името, како лавнбите личности, компании и политичари“.

Веран, како еден од таквите политичари, рече дека нема намера да ја плати бараната сума.

„Ги повикувам сите без одложување да го десертификуваат мојот акаунт доколку сметаат дека тоа е нешто што мора да почне да се плаќа“, изјави францускиот министер за телевизијата France 3.

Пред Маск да ја преземе компанијата, синото штиклирање покрај корисничкото име значеше дека Twitter потврдил дека акаунтот припаѓа на личност или компанијата која полага право на него.

Запрашан дали ќе продолжи Twitter преземањето на Маск, Веран изјави дека „не е сигурен“.

Додаде дека тоа е главната комуникациска алатка со повеќе од 10 милиони француски корисници, но и додаде дека „Факт е дека овој голем глобален алат му припаѓа на еден човек и дека тој покажува амбиции кои помалку ме загрижуваат, барем некои од нив, значи дека ќе останам претпазлив и дека ќе преземам одговорност доколку е потребно“.

Како и речиси сите министри во француската влада и Веран има верификуван Twitter сметка со сино знак за потврда покрај неговото име.

Поранешниот министер за здравство има речиси 425.000 „пријатели“ на својот @olivierveran профил. Сметката на францускиот претседател Емануел Макрон @EmmanuelMacron, исто така потврдена, има 8,8 милиони пријатели, додека неговиот официјален профил во Елисејскиот дворец @Elysee го следат 2,8 милиони корисници на мрежата.

Повеќето француски министерства, владини канцеларии и агенции, департмани и префектури, исто така, имаат верификувани Twitter профили, како и многу француски градови, културни институции, па дури и париските линии на подземната железница.