![deklaton](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/deklaton.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Познатиот француски трговски синџир „Декатлон“ (Decathlon) влегува на пазарот во Македонија, пишува порталот Skimacedonia на истоименото здружение чија основна дејност е промоција на ски регионите и национални паркови, туризмот и развој на зимските и аутдор спортови.
Како што се наведува во информацијата подготвките за овој процес се веќе започнати и ќе се реализира во три фази.
Инаку „Декатлон“ е популарен бренд меѓу планинарите, велосипедистите, скијачите, и другите спортиси и рекреативци поради изобилството понуда во продавниците, и пристапните цени. Од земјите во соседството присутен е во Бугарија и Србија и во Грција.
Компанијата e основата во 1976 година во Франција и има над 1.500 продавници во 69 земји во светот.