Станува збор за филм на режисерот Андре Тешине снимен 2014 година според вистинска случка, во кој главните улоги ги толкуваат француската дива Катрин Денев, Гијом Кане и Адел Енел.
Тв1 Њуз за филмот ќе напише дека е „возбудлив од почеток до крај, не само по содржина, туку и по маестралната актерска игра“, а познатиот француски неделник за млади „Лезенрок“, пак, дека е „таинствено прекрасен“.
Филмот е со превод на македонски јазик, а проекцијата е во терминот од 20 часот.