Францускиот пензиски систем во 2025 година ќе има дефицит од 7,9 до 17,2 милијарди евра

Ревизорскиот извештај на Советот за ориентација на пензиите, нарачан од владата, предвидува дека  дефицитот на пензискиот систем на Франција може да достигне од 7,9 до 17,2 милијарди евра до 2025 година, но остава шефот на државата да ги донесе заклучоците во моментот кога започнува дебатата за реформите и најавените протести на 5 декември, јавува дописникот на МИА.

Без  изненадување во извештајот на Советот за ориентација на пензиите (КОР), тело, составено од социјални партнери, експерти и парламентарци, што го побара владата го процени дефицитот на пензискиот систем помеѓу 0,3 и 0,7% од БДП до 2025 година, скоро исти бројки со неговиот последен годишен извештај од јуни. Според тоа, потребата за финансирање во евра варира од 7,9 милијарди до 17,2 милијарди. Оваа експертиза беше побарана од владата во септември, да се обиде да ги оправда мерките за финансиско закрепнување пред создавање на нејзиниот универзален пензиски режим во 2025 година.

Позитивна нота, продлабочувањето на дефицитот, што е многу реално, не се претвора во зголемување на неконтролирано трошење за пензиите.

-Без оглед на избраното економско сценарио, уделот на пензиското трошење во БДП во 2030 година би бил стабилен или многу близу до неговото ниво за 2018 година“, се вели во извештајот. Ова се објаснува „особено со реформите преземени од пред скоро триесет години“.

Зголемувањето на односот на пензионерите со активните, што ќе се зголеми од 1,6 на 1,7 во 2030 година, всушност е компензирано со растот на просечните пензии што е побавно од оној на приходот од активност. Со други зборови, односот помеѓу пензијата и добиената последна плата ќе се влоши. Пензиите се индексираат на инфлацијата, а не на платите од реформата во Баладур од 1993 година …

Ако трошењето е под контрола, зошто дефицитот ќе се продлабочи во споредба со моменталната состојба? Поради приходите на системот што ќе се намалат во однос на БДП во следните 5 до 10 години. Ова главно се должи на падот на бројот на територијалните и болнички службеници, кои ќе заминат во пензија во наредните години, со што ќе се намали финансирањето што го плаќаат заедниците.

Во секој случај, владата ќе мора да каже колку е количината на мерките што ги разгледува за пополнување на очекуваниот дефицит до 2025-2030 година. 8 милијарди или 17 милијарди? Бројката од 17 милијарди се заснова на претпоставката дека државата, која плаќа субвенција за балансирање на државните служби, механички ќе го намали своето финансирање за пензискиот систем во наредните години, со очекуваниот пад на бројот на службениците. Нереална хипотеза, затоа што, парадоксално, води кон парадигмата на Советот за пензиско раководство: „Колку е поголема заштедата во надоместокот на јавните службеници, толку повеќе платите во јавниот сектор се намалуваат и толку повеќе се намалуваат ресурсите на пензискиот систем. Така, контролата на јавната потрошувачка преку контрола на надоместок и вработување во јавниот сервис се рефлектира (…) со помалку ресурси за пензискиот систем и, според тоа, за влошување на рамнотежата. Идентификуваната потреба за финансирање е далеку под 17 милијарди евра.

Пензискиот советодавен совет потсетува дека, за да се поправи ова, владата нема 36 решенија, туку три: пониски пензии во однос на последната плата. Со што ќе бидат погодени пензионерите. Ова може да се направи, на пример, со деиндексирање на пензиите од инфлацијата, како што беше случајот во 2019 година. Второто решение е да се зголемат придонесите, што може да ја загрози конкурентноста на компаниите или да ја ампутираат куповната моќ. Последното решение би било да се одложи ефективната возраст на пензија. И точно ова е тоа  што владата сака да го направи. И според советот, што треба да направи ако сака да го надомести тековниот пензиски дефицит, со или без поголеми реформи.

Емануел Макрон и Адуар Филип неколкупати повторуваа дека сакале да го избалансираат пензискиот ситем до 2025 година со цел да започнат со универзалниот пензиски систем на здрава основа.