Францускиот премиер позитивен на коронавирусот

Францискиот премиер Жан Кастекс е позитивен на коронавирусот SARS-CoV-2, објави во понеделникот вечерта дворецот Матињон, седиштето на француската влада.

Кабинетот на Кастекс соопшти дека „неговиот распоред ќе биде прилагоден за да може да ги продолжи своите активности од изолација“ следните десет дена.

Премиерот во понеделникот доцна попладнето, по враќањето од соседна Белгија каде што се сретна со белскиот колега Александер Де Кро, дознал дека една од неговите ќерки, на 11-годишна возраст, добила позитивен наод на коронавирусот.

„Тој веднаш направи PCR тест кој беше позитивен“, додадоа од Матињон.

Педесет ишестгодишниот Кастекс пролетва ги примил двете дози од вакцината против Covid-19 и од тогаш на ниеден тест не бил позитивен, иако трипати бил во блиски контакти со заболени од коронавирусната болест.

Францускиот претседател Емануел Макрон беше позитивен на коронавирусот во декември минатата 2020 година.