Францускиот тенисер Беноа Пер е каззнет со 16.500 долари за кршење на три рекети за време на натпреварот против Маркос Багдатис во првиот круг на турнирот во Вашингтон.
Пер го загуби дуелот со 6: 3, 3:6, 6: 2.
Французинот не реализираше смеч при брејк топка на Кипранинот, по што Багдатис поведе со 5: 2 во одлучувачкиот сет. Пер жестоко реагираше и го скрши рекетот, а потоа на паузата ја клоцна клупата и скрши уште еден рекет. Третиот рекет го искрши на крајот од мечот откако намерно не го удри топчето на последниот поен.
За направено Пер доби казнени поени, а потоа беше казнет и со парична казна.
Точно е дека бев вознемирен, но она што треба да го запомнам е дека сум на вистинскиот пат и дека напредувам од почетокот на годината. Оние кои сакаат да се занимаваат со она што се случи нека продолжат, јас веќе го оставив зад себе, изјави Пер.
Казната што ја одреди АТП за Пер е двојно повисока од наградата за учеството на турнирот.