Французите лути на критиките за руската помош на Италија

Агресивен напад на машинеријата за дезинформации на Брисел, оценува француското издание Agoravox во текстот „И францускиот народ бара медицнска помош од Русија“, по серијата написи во коишто се критикува помошта којашто Русија ѝ ја укажува на Италија во справувањето со коронавирусот.

„Франција потклекнува под тежината на Covid-19, но медиумите финансирани од државата продолжуваат да водат информативна војна против Русија, којашто и покрај санкциите на ЕУ и НАТО продолжува да го гасне глобалниот пожар, го штити светот и им помага на луѓето да преживеат“, се истакнува во написот.

Притоа, изданието во написот истакнува дека демонстративноста на руската помош, за којашто пишуваат западните медиуми, е предизвикната од „збунетоста“ на Европската унија пред заканата од пандемијата.

Како заклучок, Agoravox цитира некои коментари на француските корисници, кои ги фалат активностите на Русија во соседната земја, најпгодената во светот од пандемијата на коронавирусот, и самите очекуваат помош.

„Вие не ги сакате, но тие се похумани од вашите сојузници, кои во помагаат само кога ги плаќате“, „Благодарност за Русите, тие заслужуваат голема почит“, „На европските земји им помагаат Русите“, „Се срамам што сум Французин“, „Срам за ЕУ, што дозволи Италија да гине“. „Добро е што има Руси“, „Ве очекуваме во Франција!“, се дел од коментарите на француските читатели.