Фрчкоски не може да биде амбасадор во САД бидејќи има портфолио на тепач на жени и е лустриран

Уште еден пораз на земјава донесен од Заев. Љубомир Фрчкоски не може да биде амбасадор на земјава во САД особено што има портфолио на тепач на жени и е лустриран соработник на државните служби. На ранг на дипломатски скандал е што владата мислеше дека домат дипломатијата на Заев – Димитров може да направи пробив со скандал мајстор како Љубомир Фрчковски, реагираше денеска ВМРО-ДПМНЕ по објавата на нејзиниот пратеник Антонио Милошоски дека САД имаат забелешки на владиниот предлог – Фрчкоски да биде испратен за амбасадор во Вашингтон.

„Уште поскандалозно е што Заев останува во потрага по нова функција на Фрчкоски кој очигледно не е подобен за амбасадор. Освен Заев што се брука во земјава се брука и надвор од државата. Заев е магнет за неспособни кадри. Љубомир Фрчкоски беше министер за внатрешни работи кога се случи нерасветлен атентат на претседателот Киро Глигоров и кога на големо се случуваше шверц на цигари и нафта. Со неговото име се врзуваат сите скандали од транзицијата од чие време потекнува и кариерата на аболираниот криминалец Зоран Заев. Со ова се покажува несериозниот однос на земјава кон најсериозните дипломатски прашања“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.