Еден маж фрлил неколку молотови коктели на ресторанот на „Мекдоналдс“ во Белград. Осомничениот М.Р. (37) е уапсен, соопшти полицијата, а пренесува Б92.
Во инцидентот што се случил кај Фонтаната на Нови Београд нема повредени.
Како што неофицијално дознава српски „Блиц“ М.Р. е поранешен вработен на овој Мекдоналдс, кој не работел таму веќе неколку години.