Фрлил експлозивна направа во двор од куќа, па избегал

Делови од ѕидот на куќата, како и патничко возило „Фолксваген Голф“, биле оштетени од експлозивната направа, која била фрлена во двор од семејна куќа, за што претходно пишуваше „Нетпрес“.

МВР додава дека Д.С.(44) од Скопје пријавил дека непознато лице фрлило непозната експлозивна направа кон неговата куќа, по што избегало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.