Фронтекс: За четири дена во Финска влегле 30.000 Руси

Бројот на Руси кои влегуваат во ЕУ нагло се зголеми по најавената делумна мобилизација на Москва, при што илегалните гранични премини веројатно ќе се зголемат доколку Русија одлучи да ги затвори границите за потенцијалните регрути, соопшти европската гранична служба Фронтекс.

-Минатата недела, речиси 66.000 руски граѓани влегоа во ЕУ, што претставува зголемување за повеќе од 30 отсто во споредба со претходните седум дена. Повеќето од нив пристигнаа од Финска и Естонија, се вели во соопштението на Фронтекс.

Само во последните четири дена во Финска пристигнале 30.000 Руси.