Фрум падна, Колумбиецот Гаврија победник на првата етапа на Тур де Франс

Британскиот велосипедист и бранител на титулата на „Тур де Франс“,Крис Фрум падна во финишот на првата етапа која ја победи младиот Колумбиец, Фернандо Гавирија. Фрум, кој е член на тимот „Тим Скај“ настапиува на турот откако Меѓународниот велосипедски сојуз утври дека не користел недозволени средства, за што беше обвинет лани во септември.

Фрум настрада во мешаницата и судирот на околу еден километар од целта, а во која потежок пад имаше неговиот сериозен конкурент Наиро Кинтана, кој доби полесна повреда, но двајцата ја завршија трката. Сепак, Фрум заостана околу една минута зад победникот Гавирија, кој во драматичен финиш за половина тркало влезе прв во целта пред Марсел Кител и Питер Саган.