Одборот за финансиска стабилност (FSB) ја исклучи италијанската банка „UniCredit“ од глобалната листа системски важни банки, според извештајот објавен во понеделникот.
Одборот за финансиска стабилност при групата Г20 започна да ја објавува оваа листа во 2011 година, по глобалната финансиска криза, барајќи од водечките светски заемодавачи да го „здебелат“ заштитниот слој на капиталот за покривање на потенцијалните загуби и заострувајќи ја контролата на нивното работење.
Во понеделникот објавена е редовната листа на системски важни банки, и се истакнува дека опфаќа 29 банки, за една помалку отколку минатогодишната. Статусот подразбира дека пропаѓањето на банката би претставувал ризик за глобалниот финансиски систем.
Најновата листа поваќе не ја содржи италијанската „UniCredit“, ниту швајцарската „Credit Suisse“ којашто ја презема поголемот домашен конкурент UBS банката. Од „UniCredit“ засега не ја коментираа одлуката на FSB.
Новина на годинешнава листа е кинеската банка „Bank of Communications“, на којашто ѝ се придружија „Agricultural Bank of China“, „Bank of China“, „China Construction Bank“ и „Industrial and Commercial Bank of China“.
Во групата со 1 отсто дополнителен слој на заштитен капитал моментално се наоѓаат 15 банки, меѓу кои се француската „Societe Generale“, холандската ING и американската „Morgan Stanley“.
Во групата со 1,5 отсто заштитен капитал има девет банки, а меѓу другите ги вклучува француската „BNP Paribas“, швајцарската UBS, британската „Barclays“ и германската „ Deutsche Bank“.
Во групата со 2 отсто дополнителен слој на заштитен капитал вброени се банките „Bank of America“, „Citigroup“ и HSBC, а во четвртата со 2,5 отсто е само банката „JP Morgan Chase“.
Ниедна банка нема удел од дополнителен слој на заштитен капитал од 3,5 отсто , покажува извештајот на FSB.