FT: Кина го разгледува копнениот транспорт на стоки преку Русија како алтернатива на поморскиот

Зголемувањето на времето потребно за испораки на стоките по поморските траси и недостигот од бродски контејнери го направија транспортот на стоки во Европа по копнен пат преку Русија попривлечна алтернатива за кинескиот бизнис, пишува во неделата британскиот магазин Financial Times, повикувајќи се на извори од транспортната индустрија.

Весникот нагласува дека во првите два месеца од годинава од Кина кон Европа биле испратени повеќе од 2.000 товарни железнички композиции. Тоа повеќе од двојно од истиот период една година претходно. Општо земено, во 2020 година бројот на железничкиот товарен сообраќај од Кина кон Европа се зголемил за 50 отсто, а во однос на 2016 година дури за седум пати. Стручњаците консултирани од Financial Times го наведуваат и зголемувањето на трошоците за транспорт на стоките преку море, како причина за промена во транспортната логистика.

Како што забележува весникот, брзото економско закрепнување на Кина по кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот ѝ овозможи „да доминира во глобалната трговија во втората половина од 2020 година“. Според Financial Times, поради воведувањето на карантинските мерки во многу земји во светот, има зголемена побарувачка на низа електронски уреди и апарати за домаќинство од Кина. Истовремено, долгиот превоз на стоките преку море ги принудило кинеските компании да се свртат кон алтернативната рута, односно копнените рути преку териториите на Русија и државите од централна Азија.

Во изминатиот период, уделот на вкупниот кинески извоз транспортиран преку железницата е незначителен, пушува весникот. Само во пристаништето Јангшан во Шангај, во јануари се испорачани околу два милиони бродски контејнера во споредба со вкупниот 209.000 железнички контејнери во првите два месеца од 2021 година.