Фудбалер на Челзи направил сообраќајка во алкохолизирана состојба

Играчот за врска на англискиот прволигаш Челзи, Дени Дринквотер, обвинет е за возење под влијание на алкохол и предизвикана сообраќајна несреќа близу Манчестер, објави британската полиција во вторникот.

„Дваесет и деветгодишник од Нетер Одерли е обвинет поради возење под влијанието алкохол и предизвикување сообраќајна несреќа во Чешир. Дени Дринквотер од Билингтон Лејн е уапсен половина час по полноќ во понеделникот по судар во Ешли Роуд во Меар. Пуштин е со кауција и треба да се појави пред судија во Стокпорт на 13-ти мај“, се наведува во соопштението на полицијата од Чешир.

Според пишувањето на британските медиуми, Дринквотер, кој за англиската фудбалска селекција одигра три натпревара, возел „ренџ ровер“, која се судрил додека се враќал дома од забава.

Дринквотер дојде во Челзи од Лестер Сити во 2017 година и одигра 12 натпреваеи во Премиер лигата за лондонскиот тим. Последниот меч во кој настапи во дресот на Чели го одига ланскиот август во Комјунити шилд натпреварувањето.