Српските фудбалери истрчале најмногу на трите одиграни натпревари на Мундијалот, но не се пласираа во нокаут фазата, исто како и шест други репрезентации од топ десет, според бројот на претрчани километри на првиот дел од турнирот.
Зад Србите се Германците со 112 километри во просек по натпревар, па Австралија со 110, исто колку што има претрчано Русија. Следат Египет и Данска со по 109 километри, па Швајцарија со 107, осми, деветти и десети се Јужна Кореја,Мароко и Костарика со по 106 километри.
Само седум репрезентации во просек трчале под 100 километри по натпревар- меѓу кои и Мексико, Португалија и Јапонија кои ќе играат во осминафиналето, а Јапонците се убедливо последни со 96 претрчани километри во просек.
Поединечно гледано, најмногу на еден натпревар претрчале Русите-118 километри на премиерниот меч против Саудиска Арабија и убедливата победа од 5:0, а исто толку претрчале фудбалерите на Јужна Кореја во историската побда против Германија 2:0. За разлика од Србите кои губеа кога најмногу трчале, Русите кога трчале победувале. И на мечот против Египет претрчале 115 километри, но во поразот од Уругвај од 3:0 имале истрчано само 98 километри.
Данецот Кристен Ериксен со 36 километри е фудбалерот кој најмногу претрчал на турнирот, или по 12 километри на натпревар.