Фудбалерка убиена од сопругот кој потоа се самоубил – хорор пред очите на децата

Страшни вести ни пристигнуваат од Аргентина. Имено, фудбалерката Флоренс Гуиназа била прво претепана, па убиена од нејзиниот сопруг кој потоа и самиот си го одзел животот, пишува Спортски.

Ужасниот настан се случил во нивниот дом и тоа додека во куќата биле и нивните деца.

Пред да си го одземе животот, сопругот Агустин оставил порака на прозорецот на која пишувало: „Повикајте полицијата, децата се сами“.

Децата се на возраст од пет и седум години.

Кога соседот пристигнал во куќата, седумгодишното момче играло на својот Плејстејшн, во нивната соба не можело да се влезе бидејќи била заклучена. Полицијата по пристигнувањето ја скршила вратата.