Приведени тројца за пожарот во Универзалната сала

Во врска со пожарот во Универзална сала во Полициската станица Центар се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот, соопшти МВР. Станува збор за Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53).

Како што соопшти полицијата, денеска (09.04.2024) околу 09.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во Универзалната сала во Скопје. Веднаш по добиената пријава, на самото место се упатени полициски службеници и припадници на Бригадата за противпожарна заштита, кои околу 11.30 часот го изгаснале пожарот.

Со возило на Итна медицинска помош во Клиниката за токсикологија се однесени две лица Е.С. (48) и А.Т. (41) поради вдишување на чад. Екипи на ЕВН во целата околина на салата го прекинале снабдувањето на електрична енергија, при што на улицата Петар Поп Арсов во лифтовите на зградите имало заглавени две жени, кои биле извлечени од страна на Единицата за интервентна полиција.