Односот на ПР шефовите на Владините институции кон новинарите и снимателите е катастрофален.
Ова да се случеше само еднаш, ќе поминеше со извинување, но некој што зима плата од мој данок да се однесува како шеф во јавна институција е тотално недозволиво.
Спуштањето на камерите е само мал гест за да ви кажеме гласно и јасно дека нема да се толерира вакво однесување! Знаеме кај бевме до 2016, не сакаме и нема да дозволиме повторно да се вратиме таму.
Ако не сакате да има слободни медиуми, донесете закон и укинете ги. Снимајте се сами, и објавувајте по социјални мрежи. Се додека не се донесе тој закон, ние сме тука за да гласно и јасно го пренесеме тоа што го мисли обичниот граѓанин. Гласно со или без микрофон, одблиску и оддалеку, ќе се прашува за теми кои се од јавен интерес, а не за теми кои вие ги бирате.
Фесјбук статус на Фуркан Салиу!