Коктел-фустан што го носеше Мишел Обама во време кога беше во Белата куќа и кошаркарски дрес на Барак Обама кој го носел додека бил во средно училиште се меѓу ретките предмети од поранешниот претседател на САД и неговата сопруга со кои се приклучат на аукција на славните.
Фустанот, црн со старовремска наметка од Норман Норел од 50-тите години што го носеше Мишел Обама за време на аукција во 2010 година во Вашингтон, се очекува да достигне цена од 50.000 до 70.000 американски долари кога ќе се најде на продажба во декември на аукција на Жулиен.
-Тоа е првиот фустан што го носела Мишел Обама, која стана стилска икона за време на нејзините осум години поминати во Белата куќа, што некогаш ќе се најде на аукција, соопшти аукциската куќа Жулиен.
Кошаркарскиот дрес на Барак Обама, носен во неговите денови во тимот на Школата Пунаху на Хаваи, доаѓа од училишната 1979 година, а за кој има фотографии како тој игра.
На дресот од бела мрежа пишува Пунаху и бројот 23 од предната и задната страна. Дресот е проценет на150.000 до 200.000 американски долари.
Директорот на Жулиен очекува интерес за дресот да дојде од „колекционери на спортови, собирачи на истории и оние кои сакаат да го почувствуваат дел од наследството на претседателот Обама“.