Земјите од групата Г7 ја повикаа Русија „итно“ да ги изведе пред лицето на правдата извршителите на „потврденото труење“ на рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални.
Во изјавата министрите за надворешни работи на Германија, Канада, САД, Франција, Италија, Јапонија и Велика Британија се наведува дека се обединети во најостра осуда за потврденото труење на Алексеј Навални.