Габриел Бајрам осуден на три месеци затвор за тепање келнер и фрлање шишиња

Габриел Бајрам, син на починатиот пратеник Амди Бајрам, признал вина за насилството сторено во скопски ресторан, објави А1он.

Кривичниот суд му изрече три месеци затвор за фрлањето шишиња и чаши кон келнер. Осуден е и неговиот син, кој доби условна казна. Габриел Бајрам е пуштен од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари во домашен притвор, се до правосилноста на пресудата.