Габриел Ескобар доаѓа во Скопје на средби со Пендаровски и други функционери

Заменик на помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски пршања и специјален претставник за западен Балкан, Габриел Ескобар, во понеделниокот ќе допатува во Македонија на средби со претседателот Стево Пендаровски и други  функционери, соопшти во неделата американската амбасада во Скопје.

„Го поздравуваме пристигнувањето на специјалниот претставник за западниот Балкан, Габриел Ескобар, во Скопје. За време на посетата, г-дин Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери да разговараат за повеќе теми и заеднички приоритети за регионот“, се наведуваат од амбасадата на САД во објавата на социјалните мрежи

Се очекува на средбите во Скопје да стане збор за актуелните политички случувања во земјава и во регионот, како и за евроинтеграцијата и бугарската блокадата на Македонија.

Ескобар неодамна во обраќањето пред Комитетот на Претставничкиот дом за надворешна политика на САД се заложи Македонија и Албанија да ги започнат преговорите со ЕУ пред крајот на годинава.

„Најсилната порака што ЕУ сега можа да ја испрати е да започне преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија пред крајот на оваа календарна година. Со тоа ќе се отфрли разочараноста на населението во регионот од европските политики и ќе се запре злонамерното влијание на Русија и Кина кои работат против проширувањето на ЕУ во западен Балкан“, рече Ескобар.

Укажа и дека Скопје и Тирана ја завршиле тешката работа што од нив се барала и оти процесот треба да започне без одложување, поосчувајќи на заедничката изјава на државниот секретар Ентони Блинкен и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел дека евроинтеграцијата е единствена надеж за регионот