Поранешниот либиски диктатор, Моамер ел Гадафи ги чувал главите на воите непријател во фрижидер, за да ги посетува во текот на своето дваесет и петгодишно владеење.
-Гадафи ни даваше по милион долари за да ги убиеме неговите непријатели и да му ги испорачаме нивните глави, рекол Франк Терпил, поранешен командант на елитниот одред убијци.
Овие бизарни тврдења ги обелодени британскиот режисер Кристофер Олгијати, а ќе бидат екранизирани во неговиот документарец „Mad Dog“ односно „Бесно куче“, кој се занимава со животот на либискиот лидер.
Во документарецот е прикажано интервју со одметнатиот агент на ЦИА, Франк Терпил, поранешен командант на елитниот одред убијци.
Олгијати истакнал дека Моамер Гадафи имал и специјализирани темни подруми под Универзитетот во Триполи, каде силувал студентки.